Свет

Русија: ЕУ е под целосна контрола на НАТО

A force for the EU & NATO - Eurocorps

Москва – Најавата на ЕУ за нејзината намера да разговара за европските безбедносни прашања во постоечки формати значи дека е под целосна контрола на НАТО во областа на воената безбедност.

Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

„Денес амбициите да се игра независна воено-политичка улога и да станеме помалку зависни од САД не наоѓаат практична примена“, истакна рускиот дипломат.

Според него, руските предлози за безбедносните гаранции се изготвени на тој начин што се е апсолутно јасно, а клучен елемент во преговорите за тоа прашање е стратешкиот дијалог со САД.

Грушко додаде дека проширувањето на НАТО е политика на „отворена врата“ до која се придржува Алијансата и со тоа НАТО ја зголемува сопствената ранливост.

Претходно, портпаролот на службата за надворешна политика на Европската унија, Петер Стано, изјави дека ЕУ, како одговор на руските предлози за безбедносни гаранции, предлага да се разговара за европската безбедност во постоечките формати, вклучително и Советот Русија-НАТО и ОБСЕ.

Потсетуваме, руското Министерство за надворешни работи објави документ што официјална Москва го испрати до НАТО за прашањето за безбедносните гаранции, за кои неодамна разговараше претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, а кој првенствено се однесува на проширување на военото присуство на Алијансата. на западните граници на Русија.

Related posts

Leave a Comment