Свет

Русија застана на страна на србите во ситуацијата околу Косово

No clear agreements' on Pashinyan-Aliyev-Putin summit

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва ја поддржува Србија во ситуацијата околу непризнаеното Косово и дека барањата на властите од регионот до Србите кои живеат на север се неосновани.

„Ние, се разбира, апсолутно ја поддржуваме Србија. Ние сме блиски со косовските Срби. Сметаме дека барањата на косовските власти се апсолутно неразумни“, истакна портпаролот на Кремљ.

Според него, западните земји кои ја признаа независноста на Косово мора да ги предупредат покраинските власти на непромислени чекори, а правата на Србите кои живеат таму мора да се почитуваат.

„Се разбира, ние веруваме дека оние земји кои го признаа Косово и беа гаранти треба да го искористат сето свое влијание за да ги предупредат косовските власти да не преземаат никакви непромислени чекори кои би можеле да доведат до дополнителна ескалација на тензиите“, рече тој.

„Бараме да се почитуваат сите права на Србите“, нагласи Песков.

Тој додаде дека влошувањето на конфликтот меѓу Косово и Србија успеало да се избегне и дека ситуацијата е одложена за еден месец.

„Сега, фала богу, избегнато е одредено влошување, но ситуацијата е одложена само за еден месец, па затоа е многу важно да се покаже претпазливост од сите страни“, изјави Песков за новинарите.

Related posts

Leave a Comment