Свет

РУСИЈА ИМ ДАДЕ УЛТИМАТУМ НА НАЦИСТИТЕ И СТРАНСКИТЕ ПЛАТЕНИЦИ ВО МАРИУПОЛ: Предадете се до 13 часот и ќе останете живи!

Russia's Siege of the Ukrainian City of Mariupol | World News | US News

Руските вооружени сили им понудија на членовите на националистичките баталјони и на странските платеници блокирани во Мариупол да го положат оружјето денеска до 13 часот по локално време, па нивните животи ќе бидат поштедени, изјави шефот на рускиот национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев.

„Со оглед на катастрофалната ситуација во фабриката Азовстал и чисто хуманитарните принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите и странските платеници да ги запрат непријателските акции и да го положат оружјето“, рече Мизинцев, пренесува ТАСС.

Тој изјавил дека оние кои ќе го направат тоа ќе бидат поштедени, пренесуваат медиумите.

Како што е најавено, прекинот на огнот ќе биде воспоставен од 5.30 часот по московско време, а рокот за предавање на оружјето е до 13 часот по локално време.

Според соопштението, во изминатите 24 часа има големо зголемување на бројот на пресретнати радио комуникации, со кои милитантите бараат од украинските власти дозвола да се предадат и да го положат оружјето бидејќи се во безизлезна ситуација, без храна. и вода, но властите им забрануваат пишува ТАСС.

Досега во Мариупол се предале 1.464 украински војници.

Околу 400 странски платеници во состав на украинските сили во Мариупол се опколени, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Според зборовите на украинските војници кои се предадоа, на територијата на компанијата „Азовстал“, како дел од украинските сили, сега се опколени околу 400 странски платеници – рече Конашенков, пренесе Спутник.

Како што наведе, повеќето се од европските земји и од Канада.

– Претходно објавивме дека разговорите на радио врската меѓу милитантите во Мариупол се водат на шест странски јазици. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени, изјави рускиот генерал.

Related posts

Leave a Comment