Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациитеna американcите, дека руските сили застрелале и убиле десет луѓе кои чекале ред за леб во украинскиот град Чернихив , како што соопшти американската амбасада во Киев, додавајќи дека во областа немало руски војници.
Амбасадата не обезбеди никакви докази за нападот во соопштението објавено на официјалните страници на Твитер и Фејсбук.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков тврди дека извештајот и снимките за наводните жртви кои се појавија во различни украински медиуми се „измама на украинската служба за безбедност“. „Ниту еден руски војник не е во Чернихив или бил во Чернихив. Сите сили се надвор од градското подрачје на Чернихив, блокирајќи ги патиштата, но не спроведуваат офанзивни операции“, рече тој, додавајќи дека најавата на американската амбасада е „непроверена лага“.