Свет

ОВА Е КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Историски говор на Путин – „Крај на политичката и економската доминација на Западот“.

What's Putin really up to with Ukraine? – POLITICO

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Руската Федерација, Владимир Путин, смета дека последните санкции, кои САД и нивните сојузници ги воведоа кон Русија поради операцијата во Украина, означуваат крај на една ера, пренесува Раша тудеј.

Според Путин, Западот почнал да ја губи својата „глобална политичка и економска доминација“.

Претседателот на Русија изјави дека „митот за западната социјална држава и златната милијарда се урива“.

Тој смета дека целата планета мора да ја плати цената за амбициите на Западот и неговите обиди да ја задржи својата доминација по секоја цена.

Рускиот претседател предвиде недостиг на храна ширум светот бидејќи западните санкции наметнати на Русија имаа негативно влијание врз целата глобална економија.

Осврнувајќи се на одлуката на неколку западни сили да ги замрзнат средствата на руската централна банка, Путин вели дека тоа само ќе послужи непоправливо да ја поткопа довербата во тие нации и да ги натера другите земји да размислат двапати пред да ги стават своите резерви на чување  кај тие земји. Според рускиот претседател, Западот „едноставно украл“ речиси половина од имотот на Москва.

Related posts

Leave a Comment