Свет

Русија обвини свој научник за предавство : И давал на Кина доверливи информации

РУСИЈА обвини еден од нејзините водечки арктички истражувачи за предавство, тврдејќи дека и доставува доверливи информации на Кина.

Руските иследници тврдат дека Валери Митко, претседател на Арктичката академија на науките во Санкт Петербург, во почетокот на 2018 година за време на неговата посета на кинескиот универзитет Далијан на кинеската разузнавачка служба и дал документ со доверливи државни информации, изјави неговиот адвокат Иван Павлов за Си-Ен-Ен .

Според Павлов, споменатиот документ имал податоци за истражување во хидроакустиката, проучување на звук во вода, што обично се применува во подводна навигација, комуникации и следење на подморнички активности.

Митко (78) ги негира овие обвинувања. Неговиот адвокат тврди дека сите информации што научникот ги донел од Русија во Кина за неговите предавања биле јавно достапни.

Рускиот стручњак беше обвинет за предавство и ставен во домашен притвор во февруари годинава, но деталите за неговиот случај излегоа на виделина дури сега, откако тој беше претставен од одбранбениот тим на Павлов, кој е специјализиран за случаи на државна безбедност и шпионажа.

Политичките експерти сметаат дека ова обвинување за шпионажа укажува на растечка конкуренција меѓу двете земји во регионот. Москва и Пекинг изградија стратешко партнерство на Арктикот, но Русија е претпазлива за каква било воена соработка во таа област.

Loading...

Related posts

Leave a Comment