Занимливости

Русија планира да изгради база на месечината

Руската лунарна програма ќе се спроведува во неколку фази до 2040 година

 

 

 

Рускиот проект за месечината предвидува користење на технологии за 3D печатење на лунарната почва, изјави портпаролот на руската вселенска корпорација Роскосмос за медиумите.

Според изворот, третата фаза од руската програма за месечината, која ќе ги следи краткорочните мисии на природниот сателит на Земјата, ќе содржи “започнување на изградба на големи структури со употреба на адитивни технологии и локални ресурси”.

Оваа фаза, исто така, предвидува “опремување на научни и индустриски објекти со опрема”, создавајќи капацитети за производство и инфраструктура за одржување на животот.

По третата фаза, Роскосмос планира да ги создаде сите услови за долгорочни лунарни мисии.

Кон крајот на 2018 година, Советот за вселенски програми во рамките на Руската академија на науките усвои концепт за домашната лунарна програма, но издаде инструкции за дополнување. Роскосмос во тоа време изјави дека оваа програма ќе биде имплементирана во неколку фази до 2040 година. Претседателот на  Роскосмос Дмитриј Рогозин,изјави за време на предавањето на Московскиот државен универзитет,дека руските космонаути за првпат ќе слетаат на Месечината во 2030 година.

Претходно рускиот производител на вселенски летала Лавочкин сугерираше дека лунарната конструкција треба да се изврши со помош на 3D печатач со соларен погон кој користи мрачна прашина или реголит.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!