Регион

Русија протера 14 бугарски дипломати

Bulgarian-Russian relationship shouldn't suffer for EU funds, Russian  ambassador warns – EURACTIV.com

Русија протера 14 бугарски дипломати како одговор на мерките што Софија ги презеде против Москва поради конфликтот со Украина.

„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пишуваат медиумите во регионот.

На почетокот на јули Бугарија прогласи 70 руски дипломати за непожелни лица.

Истите анализираат дека одлуката за протерување на бугарските дипломати ја соопшти вршителот на должноста премиер Кирил Петков, кој зазеде тврд став кон Русија откако таа ја започна специјалната операција во Украина на 24 февруари.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!