Свет

Русија спроведе тест во кој го оддели својот Интернет „простор“ од глобалниот

Русија „успешно се исклучи“ од светската мрежа за време на тестовите што траеја од 15 јуни до 15 јули и за тоа време ја тестираше својата технологија за „суверен интернет“, пренесува РБЦ .

Неименуван извор од телекомуникациската индустрија за РБЦ изјави дека е тестирана можноста физички да се исклучи рускиот дел од Интернетто од глобалниот. Друг извор рече дека тие сакаат да утврдат „дали РуНет може да функционира во услови на надворешно мешање, блокади и други закани“. Извори тврдат дека тестот бил успешен, иако официјалните резултати сè уште не се објавени. Официјалните резултати треба да бидат објавени дури на крајот на август.

Сите поголеми руски телекоми учествуваа во тестирањето. Тестовите од овој тип ќе се спроведуваат еднаш годишно. Русија работи на државен систем на домејнски имиња  (ДНС). Дел експерти се скептични во врска со можноста која било земја навистина да се оддели од Интернетот.

Во 2019 година Русија го усвои законот за „суверен интернет“. Во тоа време, Москва зборуваше за потребата да се заштитат од „агресивната природа“ на националната кибер-политика на САД.

Од Кремљ, портпаролот Димитриј Песков накратко ги коментираше овие тестови, велејќи дека Русија треба да биде подготвена за сите закани. Додека некои тврдат дека одвојувањето на Интернетот е логичен чекор во одбраната на Русија во свет каде што бојното поле станува сè по дигитално, за други тоа е чекор кон понатамошна контрола на слободата на говорот и комуникацијата од страна на Москва.

Related posts

Leave a Comment