Свет

Русија стави 398 американски конгресмени на црната листа

Русија стави 398 американски конгресмени на црната листа

Руското Министерство за надворешни работи стави 398 американски конгресмени на црната листа како одговор на уште еден „бран“ антируски санкции воведени од администрацијата на Џо Бајден против 328 пратеници во Државната дума.

„Се воведуваат рестрикции со реципрочни санкции против 398 членови на Претставничкиот дом на Конгресот на САД“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Сите овие конгресмени, вклучително и раководството и претседателите на комисиите на долниот дом на американскиот Конгрес, се вклучени во руската „стоп листа“ на трајна основа.

„Заедно со другите актуелни законодавци, на кои, како спикерката Ненси Пелоси, им беше забранет влезот во Руската Федерација порано, сите американски конгресмени се подложени на „листа“ врз основа на реципроцитет“, соопшти Министерството за надворешни работи .

Во блиска иднина се планираат повеќе најави за руски контрамерки, нагласи Министерството.

На веб-страницата на одделот е објавена и комплетна листа на конгресмени кои се најдоа на црната листа.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!