Москва ќе се повлече од Сирија ако идната влада на земјата одлучи дека руските трупи треба да ја напуштат, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Ал Арабија , Скај њуз Арабија и РТ .
„Оние кои се нелегално присутни во странска земја – во случајов, во Сирија – треба да го напуштат регионот. Се однесува на сите земји“, истакна Путин. „Ако идната легитимна влада во Сирија каже дека не треба руска војска да остане во земјата, тоа ќе се однесува и на Русија“, додаде тој.
Според Путин, Русија продолжува да разговара за странското воено присуство во Сирија со Иран, Турција и САД. „Отсекогаш им велев на нашите колеги дека има потреба да се ослободи Сирија од странско воено присуство“, истакна рускиот лидер.
Путин исто така ја истакна потребата од целосно обновување на територијалниот интегритет на Сирија.