Свет

САД се обидуваат да ја убедат Турција да престане со воената операција во Сирија – Помпео

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео ЕПА-ЕФЕ / МИХАЕЛ РЕЈНОЛДС

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео изјави дека Вашингтон „ја користи секоја економска и дипломатска алатка за да ги убеди турците да престанат со активностите

Американските власти користат економски и дипломатски алатки за да ја убедат Турција да престане со воената операција во Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајкл Помпео во интервју за весникот „Тенеси“. Интервјуто беше објавено на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент во петокот.

„Денес, дури и додека седам овде, нашите екипи, тимови на Стејт департментот се на терен за да го убедат претседателот Ердоган, дека инвазијата не е соодветна“, рече Помпео. „Ние работиме да ги убедиме дека со инвазијата во Сирија, го доведуваат во опасност животот на курдскиот народ и другите во регионот – христијани и други етнички и религиозни малцинства – дека е лоша идеја“, додаде тој .

„Ние ги користиме сите економски и дипломатски алатки за да ги убедиме да престанат со активностите“, истакна тој.

На прашањето зошто Соединетите држави ги повлекле силите од Сирија, Помпео рече: „Турција го направи тоа. Турција испрати големи сили преку границата во Сирија“. „Во неделата навечер беше јасно дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе направи инвазија. Имавме мал број на лица во тој простор,помалку од 60 .Тие не беа во состојба да останат таму и да бидат безбедни. Претседателот Трамп реши да ги премести од тој простор 20 или 30 километри “, објасни тој.

„Работевме со Курдите, Соединетите држави работеа со Курдите не само во Сирија, туку на целиот Блиски исток, многу долго време“, рече Помпео. „Тие беа наши добри партнери на секое од тие места и јас сум силно уверен дека оваа администрација ќе продолжи да ги поддржува овие луѓе кои се добри пријатели на Соединетите Американски Држави“, додаде тој.

„Курдскиот народ овде и раководството во Турција треба да разберат дека не сметаме дека тоа што го направи претседателот Ердоган е правилно. Не е правилно и тој треба да запре“, истакна тој.

На 7 октомври американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон започнал со повлекување на силите од североисточна Сирија.

На 9 октомври Анкара го најави започнувањето на Операцијата Мировен извор во северна Сирија, која започна со воздушни напади на курдските позиции. Целта на операцијата е да се создаде тампон зона по должината на турската граница, каде, според Анкара, сириските бегалци кои живеат во Турција би можеле да се вратат. Сириската новинска агенција САНА ја критикуваше операцијата како акт на агресија. Меѓународната заедница ги осуди постапките на Анкара.

Related posts

Leave a Comment