Свет

Руската армија ја призна загубата на 1.351 нејзини војници во Украина

Русија денеска по 20 дена презентираше нови податоци за своите загуби. Москва ја призна смртта на 1.351 нејзин војник од почетокот на нападот врз Украина и ги обвини западните земји дека „прават грешки“ со тоа што решиле да ја вооружат Украина.

Од почетокот на интервенцијата во Украина на 24 февруари „1351 војник загинаа, а 3825 се ранети“, изјави на прес-конференција помошник-командантот на Генералштабот на руската армија Сергеј Руцкој. Руцкој процени дека Украина изгубила повеќе од 14.000 војници, пренесува Интерфакс . Руцкои одлуката на западните земји да го вооружат Киев ја нарече „голема грешка“. „Ова го продолжува конфликтот, го зголемува бројот на жртви и нема да има никакво влијание врз текот на операцијата“, рече тој. Покрај тоа, тој тврди дека Русија ќе „одговори“ доколку НАТО воспостави зона на забранети летови над Украина, барање што Киев им го упатува на западните сојузници со недели. Западните лидери велат дека тоа не е опција.

На истата прес-конференција, полковникот Михаил Мизинцев, директор на рускиот Национален центар за управување со одбраната, рече дека Русија од почетокот на операцијата примила 419.736 бегалци од источна Украина, а меѓу нив има повеќе од 88.000 деца, додаде тој. „Русија ќе продолжи да отвора и обезбедува хуманитарни коридори во сите правци“, рече Мизинцев, пренесува РИА .

Киев денеска соопшти дека нивната војска на југот на Украина убила уште еден руски генерал во борбите. Ова е, според украинската страна, седмиот убиен руски висок командант. Бројот на загинати руски војници е, очекувано, многу поголем ако се праша Киев. НАТО во средата процени дека меѓу 7.000 и 15.000 руски војници биле убиени во четиринеделната војна во Украина.

„Нашите војници  го убиле командантот на 49-та армија на јужниот округ на Русија, генерал Јаков Резанцев, додека го бомбардирале аеродромот Чорнобаивка во јужниот регион Керсон“, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович. Русија потврди дека генералот Андреј Суховецки, заменик командант на 41-та армија, кој исто така служел во руската операција во Сирија 2018-2019 година, бил убиен во Украина.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!