Свет

Руската војска ликвидираше двајца членови на ИСИС во Дагестан

 

Двајца следбеници на терористичката група Исламска држава (забранета во Русија), кои планираа напади врз полициските службеници, беа убиени во рускиот северен Кавказки регион Дагестан, соопшти Националниот совет за борба против тероризмот (НАК)  во неделата.

Во саботата, околу 10 часот наутро, на патниот дел помеѓу селата Ендиреи и Карлањурт во областа Хасавјурт, безбедносните офицери направија обид да го сопрат автомобилот ВАЗ-2109, во кој се возеа двајца вооружени мажи. “[Како одговор] на барањето да го положат оружјето и да им се предадат на властите, тие отворија оган. Како резултат на нападот што следеше,  двајцата криминалци беа убиени. Автоматски пушки и еден пиштол биле пронајдени на местото на инциденто “, објави НАК.

“Двајцата беа следбеници на меѓународната терористичка група Исламска држава (забранета во Русија) и планираа напади врз полициските службеници”, додаде НАК.

Според НАК, убиените бандити биле жители на Махачкала. По наредба на водачите на терористичката организација, тие добиле огнено оружје и автомобил,кои планирале да ги искористат за нападот.

“Нема жртви меѓу цивилното население и загуби меѓу безбедносните сили. Се преземаат мерки за да се утврди вклученоста на двајцата во други злосторства “, рече НАК.

Related posts

Leave a Comment