Свет

Руската гарда зароби неколку водачи на украинските националисти во Харков

ЗАБЕЛЕНИ ВО ХАРКОВ Руската гарда зароби неколку водачи на украинските националисти

Руската Национална гарда зароби неколку водачи на украинските националисти во близина на Харков и заплени важни документи, соопшти Министерството.

Во текот на борбата успеале да го прошират упориштето, а исто така заробиле и неколку водачи на националистичките формации и соучесници на Советот за безбедност на Украина и заплениле важни документи, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека благодарение на компетентните акции на специјалните сили на руската гарда успеале да ги одбијат нападите и да го задржат упориштето, да ја извршат најтешката задача и да спасат животи на војници и офицери.

Во акцијата учествувале руски специјалци и членови на специјалниот одред за брза реакција на руската национална гарда, пренесува „Спутник“.

Заземајќи го мостобранот, тие 24 часа „ги одбиваа контранападите на бројно супериорните единици на вооружените сили на Украина и националистите“ со цел единиците на руската армија да воспостават понтонски мост над реката на периферијата на градот Изјум кај Харков. 

Related posts

Leave a Comment