Жителите на Доњецк и Луганск на улиците го слават потпишувањето на документот за признавање на независноста од страна на Русија на Народните републики Доњецк и Луганск. Веднаш по признавањето, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во тие два региона во источна Украина.
Откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ја признава независноста на ДНР и ЛНР, жителите на Доњецк излегоа на улиците да ја прослават оваа одлука.
На централниот плоштад во Доњецк беше организиран огномет, а се слушаше и химната на Русија.
Celebrations in Donetsk kicked off right after Putin's speech. Clearly choreographed and timed https://t.co/zadwk1mROP
— Jack Posobiec 🇺🇸 (@JackPosobiec) February 21, 2022
Група луѓе со руски знамиња го следеа обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Donetsk pic.twitter.com/T8xNAKdoCV
— Nina 🐙 Byzantina (@NinaByzantina) February 21, 2022
Снимките од прославата се објавени на социјалните мрежи.
Donetsk pic.twitter.com/73oM7oj5xg
— C O U P S U R E (@COUPSURE) February 21, 2022
Во Луганск славењето на републиката беше прославено со колона возила.