Свет

Руска химна и огномет: Доњецк и Луганск го слават руското признавање (ВИДЕО)

Жителите на Доњецк и Луганск на улиците го слават потпишувањето на документот за признавање на независноста од страна на Русија на Народните републики Доњецк и Луганск. Веднаш по признавањето, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на вооружените сили на Руската Федерација да обезбедат мир во тие два региона во источна Украина.

Откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ја признава независноста на ДНР и ЛНР, жителите на Доњецк излегоа на улиците да ја прослават оваа одлука.

На централниот плоштад во Доњецк беше организиран огномет, а се слушаше и химната на Русија.

Група луѓе со руски знамиња го следеа обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Снимките од прославата се објавени на социјалните мрежи.

Во Луганск славењето на републиката беше прославено со колона возила.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!