Свет

Рускиот амбасадор во Лондон: Праќајте му на Киев хуманитарна помош, а не оружје!

Russia 'will come to rescue' of UK if needed during gas crisis, ambassador  says | The Independent

ИСПОРАКАТА на оружје од Велика Британија во Украина нема да влијае на ситуацијата во Донбас, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин. Би било подобро Британија да испрати хуманитарна помош во Киев, додаде тој.

– Тешко можам да замислам дека транспорт на оружје, и тоа не големи количини, во Украина преку Полска може да има значително влијание врз она што сега се случува во Донбас. Според мене, многу подобро би било Британците да се префрлат на хуманитарна помош и инвестиции во украинската економија, која е во лоша состојба, а не да трошат пари за тоа железо – изјави амбасадорот за ТВ „Русија 24“.

Келин рече дека преку амбасадата не се разговарало за размена на британски државјани за украинскиот политичар Виктор Медведчук, кој го држи украинската служба за безбедност.Очигледно, Лондон нема многу интерес за судбината на Британците кои беа заробени во Донбас.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!