Свет

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ : „Воздржете се од одење во цркви“

Поглаварот на Москва и цела Русија, Патријархот Кирил ги повика верниците да не доаѓаат во храмовите, туку да Му се молат на Бога во нивните домови.

Повикот беше упатен за да се избегнат собири што ќе придонесат за ширење на коронавирусот.

Во Русија досега починаа девет лица а заразени се 1.534 лица, но на последниот ден е забележан скок од 270 нови инфицирани, а властите воведоа построги мерки за борба против вирусот.

„Воздржете се да одите во цркви“, рече рускиот патријарх, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, ги повика верниците да ги почитуваат упатствата на руските власти „пред некој да умре во нашите семејства“, објави РИА Новости.

Related posts

Leave a Comment