Свет

Руските авиони ја надгледуваат Шкотска, Велика Британија испрати пресретнувачи

Авионите на британските воздухопловни сили (РАФ) се испратени да пресретнат неколку руски авиони во близина на Шкотска.

Британски Индипендент објави дека непознат број руски авиони биле забележани во близина на воздушниот простор на Шкотска, во областа на британската интересна зона.

Три пара авиони „Јурофајтер Тајфун“ беа испратени за да пресретнат стратешки бомбардери Ту-95.

„Тоа е рутински одговор на пристигнувањето на руските авиони во воздушниот простор на Велика Британија. Овој потег е координиран со нашите сојузници на НАТО од Франција и Норвешка“, рече портпаролот на РАФ, додавајќи дека руските авиони не влегле во британскиот воздушен простор во ниту еден момент.

Точниот број на пресретнати руски авиони не е објавен.

Loading...

Related posts

Leave a Comment