Свет

Руските безбедносни сили ликвидираа терорист во Мурманск

Russian Spetsnaz kill 2 ISIS militants in anti-terrorist op in ...

Руските безбедносни сили во Мурманск неутрализирале терорист, член на ИД, кој планирал да изврши терористички напад.

Се наведува во соопштението на Националниот комитет за борба против тероризмот, пренесува Тасс.

“Синоќа Федералната служба за безбедност лоцираше вооружен терорист во Мурманск кој планираше да изврши терористички напад. Во моментот на неговото апсење, осомничениот отвори оган и веднаш беше ликвидиран”, се вели во соопштението.

Полицијата пронајде импровизирана експлозивна направа, оружје и муниција во скривалиштето на терористот.

Според безбедносни извори, терористот бил член на Исламската држава забранета во Русија и по нападот планирал да избега на Блискиот исток.

Loading...

Related posts

Leave a Comment