Свет

Руските безбедњаци спречија обид за киднапирање на проруски командант од страна на Украински служби

The FSB has identified several channels of distribution of false ...

Москва – Руската Федерална служба за безбедност објави дека успеала да го спречи обидот на украинските разузнавачки служби да го извршат киднапирањето.

Наводно требало да биде киднапиран еден од командантите на проруските бунтовници кои се борат против вооружените сили на таа земја во регионот Донбас во Украина.

„Како резултат на специјалната операција, ФСБ на Русија разоткриле и спречиле незаконски чин на украинските специјални служби во форма на киднапирање на еден од водачите на народната милиција на Донбас на територијата на Русија и негово присилно пренесување во Украина“, велат од ФСБ.

Според Тасс, станува збор за човек кој бил активен учесник во борбата против вооружените сили на Украина, а за време на обидот за киднапирање, ФСБ уапси седум руски државјани.

Исто така се наведува дека неуспешното киднапирање го организирале и координирале украинските граѓани Андреј Бајдал и Игор Миченко.

Loading...

Related posts

Leave a Comment