Руското Министерство за одбрана издаде видео од поморските вежби во Јапонското Море, покажувајќи два брода на Пацифичката флота – ракетен брод и уништувач – уништена цел со користење на ракети P-270 Москит (НАТО име SS-N-22 Sunburn).
Овие суперсонични ракети можат лесно да ја погодат целта која се наоѓа на околу 60 километри од воените бродови, што не е лимит на оружјето. Видеото ја покажува целосната операција – од лансирањето на проектил од носачот до неговата дестинација.
