Свет

Руските воздушни сили ги бомбардираа протурските милитанти кои ги нападнаа сириските владини сили во Идлиб(ВИДЕО)

Руските воздушни сили започнаа напади за одвраќање на офанзивата на милитантите против сириската армија во Идлиб, кои се обидуваат да ги пробијат одбрамбените линии на владините сили, соопшти руското Министерство за одбрана.

 

Милитантите, поддржани од Турција, ги гранатираа позициите на сириската армија во регионот. Сепак, турските сили ја запреа артилериската акција откако Москва стапи во контакт со Анкара, додаде Министерството.

Милитантите започнаа „масовна офанзива“ југоисточно од градот Идлиб, користејќи многу оклопни возила, соопшти  рускиот центар за помирување во Сирија, додавајќи дека тоа е турската артилерија која им помогна на милитантите да ја разбијат одбраната на сириската армија во некои области.

Во воздушните снимки објавени од руското Министерство за одбрана се гледа како турска  артилериска батерија  ги гранатира позициите на сириската армија.

На барање на Дамаск, руски воени авиони Су-24 ги бомбардираа напаѓачките вооружени групи, помагајќи им на сириските сили да ја одвратат офанзивата, уништувајќи тенк и шест возила за пешадиска борба, меѓу друото.

Центарот за помирување исто така соопшти дека турското гранатирање резултирало со повредени четворица сириски војници. Москва, исто така, уште еднаш ја повика Анкара да престане со својата поддршка за терористите во Идлиб и да престане да им доставува оружје.

Во меѓувреме, турското Министерство за одбрана соопшти дека двајца турски војници загинале, а пет други се повредени во воздушните напади.

Loading...

Related posts

Leave a Comment