Македонија

Руските медиуми известуваат за вчерашниот митинг во Скопје(Видео)

На Балканот, митинг против западната окупација

Во Скопје, главниот град на Македонија се одржа митинг против влезот во НАТО и за интеграција на земјата во Евроазиската унија. За овој настан извести Андреј Родионов, шеф на Меѓународното социо-политичко движење „РУСОВ“.

„Настанот беше организиран по иницијатива на новата македонска партија Родина, која сега ја оформува својата регистрација. На собирот учествуваа и други патриотски македонски организации. Главниот услов беше да не се користат нивните партиски знамиња,туку само знамињата на Македонија.

 

” alt=”” aria-hidden=”true” />” alt=”” aria-hidden=”true” />” alt=”” aria-hidden=”true” />

Демонстрантите протестираа против пристапувањето на земјата во ЕУ и НАТО, како и против договорот меѓу владите на Македонија и Грција за преименување на земјата во Северна Македонија, што беше еден од условите за интеграција во алијансата.

На референдумот мнозинството граѓани беше против преименување на земјата, но сеедно – одлуката поволна за Западот беше донесена низ парламентот, со мито од 10 пратеници. Американскиот амбасадор не ја напушташе зградата на собранието сè додека не донесе одлука за промена на името. Во принцип, во Македонија сценариото е слично како во Украина – полицијата апси лидери на опозицијата без никаква посебна причина.

Повеќето луѓе што учествуваа на митингот се за алијанса со Русија и за влез во Евроазиската унија. Учесниците посочија дека властите во Македонија водат политика против волјата на народот. Сите патриотски сили се обединуваат во коалиција против западната окупација и штитеникот на Западот – премиерот Зоран Заев “, рече Родионов.

Според него, на собирот имало околу 2000 луѓе. „Ова е значителнА бројка на луѓе за Македонија, во која вкупното население е околу 1,5-2 милиони луѓе“, смета РОДИОНОВ.

„Немаше судири со полицијата, но имаше многу полициски барикади во центарот на градот, околу зградите на владата и собранието. Митингот беше најавен,однапред беше дадено известување “, рече тој.

” alt=”” aria-hidden=”true” />” alt=”” aria-hidden=”true” />    ” alt=”” aria-hidden=”true” />” alt=”” aria-hidden=”true” />

Related posts

1 comment

Dimitar "Jimmy" Hristov 02/10/2019 at 23:41

MACEDONIAN PEOPLE HAVE SHOWED and CONFIRMED THAT 30 Sep. 2018 is only RIGHT SOLUTION FOR THE POLITICAL CRISIS IN REPUBLIC OF MACEDONIA.That means on that date MACEDONIA and Macedonia People confirmed on the referendum the three point that had been ask to vote ,with *** A GREAT NO ***. To be more clear I shell present that three point : ### *** NOT FOR PRESPA AGREEMENT( SALOON AGREEMENT) ******************************** ### *** NO TO EU *** ! ************************************************************* ### *** NO TO NATO *** ! ************************************************************* All these three point actually means” FREEDOM FOR THE REPUBLIC OF MACEDONIA”, and there’s no other solution EXCEPT TO ACCEPT THE REALTY.

Reply

Leave a Comment