Македонија

На годишнината од референдумот Македонците испратија силна порака до светот(Видео)

Синојќа во Скопје.на годишнината од наметнатиот референдум за промена на името,неколку илјади Македонци се собраа да ја потсетат домашната и светска јавност за неправдата која режимот на Заев со помош на неговите странски ментори и ја направија на Македонија и Македонците непочитувајќи го исходот од истиот тој референдум и насилно менувајќи го името на нашата држава.Граѓаните се упатија до седиштето на ЕУ каде што прочитаа декларација со која ја осудуваат оваа организација како еден од главните чинители за реализација на срамниот Преспански договор и нелегитимните акти кои беа донесени во собранието на Република Македонија.По завршувањето на читањето на декларацијата,групата на граѓани се упати кон највисокиот законодавен дом на државата каде што беа спречени од силно полициско обезбедување да се приближат до зградата на собранието.Мирните демонстранти беа дочекани како терористи од страна на полицијата што не беше случај кога шарените таканаречени револуционери слободно ги девастираа институциите на системот и дивееа на улиците од главниот град.Во крајно коректна атмосфера граѓаните достоинствено пееја патриотски песни и извикуваа никогаш северна,само Македонија и побараа одговорност од пратениците кои незаконски донесоа низа штетни договори и закони за државата.Организирано беше и добротворно собирање на парични средства за семејствата на уставобранителите кои се најдоа во незавидна финансиска положба откако режимот ги осуди на драконски казни затвор нивните хранители.Погледнете го видеото кое екипата на Слободен Свет го направи од настанот.

 

Related posts

Leave a Comment