Свет

РУСКИТЕ СИЛИ НАВЛЕГУВААТ ВО АЗОВСТАЛ: Заменик командантот на Азов ја потврди информацијата

Azovstal, last bastion of Ukrainian resistance in Mariupol | Atalayar - Las  claves del mundo en tus manos

Заменик командантот на Азовскиот полк, кој се наоѓа во челичарницата, за агенцијата АП потврдил дека руските сили упаднале во фабриката.

Одговарајќи на прашањето за извештаите на украинските медиуми дека фабриката била нападната, Свјатослав Паламар рече дека тие се точни.

Претходно денеска командантот на бригадата на Националната гарда на Украина, Денис Шлега, изјави дека „непријателот се обидува да упадне во фабриката Азовстал со значителни сили користејќи оклопни возила“.

Повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, РИА Новости претходно денеска објави дека руските сили започнале со гранатирање и бомбардирање на фабриката за челик Азовстал во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за да заземат позиции.

– Прогласен е прекин на огнот, цивилите мораа да бидат евакуирани од територијата на Азов. Ова го искористија војниците на Азов и Украина, кои се стационирани во фабриката. Тие излегоа од подрумот, зазедоа борбени позиции на територијата и во зградата на фабриката – наведува руската агенција во извештајот, пренесе Ројтерс.Според Министерството за одбрана, сега единиците на руската армија и на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), користејќи артилерија и авијација, почнуваат да ги уништуваат тие стрелички позиции.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!