Свет

Руски борбен авион “Су-27” пресретнa американски извиднички авион Боинг П-8 Посејдон,

 

Борбен авион “Су-27” на руските воздухопловни сили во јужната воена област беше принуден да го пресретне извидничкиот авион Боинг П-8 Посејдон, кој се приближуваше кон границата со Русија, соопшти Министерството за одбрана на Русија во петокот.

“Еден борбен авион од типот Су-27 на руските воздухопловни сили во јужната воена област беше принуден  да ја пресретне целта”, изјави преставник на министерството.

Руската борбен авион “пристапи на безбедно растојание, идентификувајќи ја целта како американски извиднички авион П-8А Посејдон, кој веднаш го смени правецот на летот надвор од руската државна граница”, објави Министерството.

Рускиот Су-27 ги почитуваше меѓународните правила за користење на воздушниот простор и по исполнувањето на целта  се врати во својота база.

Во средината на јуни, руските борбени авиони Су-27 беа принудени да ги пресретнат стратегиските бомбардери на САД, кои се приближуваа кон руската државна граница од Црното Море и Балтикот.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!