Свет

РУСОФОБИЈА ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА: Уште три нови држави се солидаризираат со Чешка, удрија по Москва без вистинска причина

Чешка, Владимир Путин

Како солидарност со Чешка, Литванија протера двајца руски дипломати, а Летонија и Естонија по еден, објавија министерствата за надворешни работи на тие земји.

– Во знак на солидарност со нашите чешки сојузници и поради кршење на Виенската конвенција, Летонија донесе одлука за протерување на рускиот дипломат. Летонија нема да толерира субверзивни активности на нејзината територија, како и на територијата на нејзините сојузници и партнери – објави на Твитер министерот за надворешни работи на таа земја, Едгарс Ринкевиќс.

Министерството за надворешни работи на Литванија го повика претставникот на Амбасадата на Русија во Литванија и му предаде дипломатска нота, со која двајцата вработени во амбасадата се прогласуваат за персона нон грата, се наведува во соопштението на веб-страницата на Министерството .

Се посочува дека двајцата дипломати, кои наводно „вршеле активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“, имаат рок од седум дена да ја напуштат земјата. Нагласено е дека ваквиот чекор сведочи за „солидарноста“ на Литванија со Чешка.

Да потсетиме, премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш, на 17 април објави дека Прага се сомнева дека руските разузнавачки служби се одговорни за експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Истиот ден, Чешка протера 18 руски дипломати.Следниот ден, Русија прогласи 20 лица вработени во амбасадата во Чешка за персона нон грата. После тоа, Министерството за надворешни работи на Чешка одлучи да го изедначи бројот на вработени во руската амбасада во Прага до крајот на мај со бројот на вработени во чешката амбасада во Русија, што значи дека околу 70 вработени во Руската амбасада треба да ја напуштат Прага.

Related posts

Leave a Comment