Македонија

Олумчев до ДПМНЕ: Да бевте вистинскa опозиција, ќе го напуштевте собранието уште од државниот удар на 27 април и ќе бевте со народот на улица и одамна Заев ќе го немаше. И никој од нив немаше да лежи за 27, не пак да им судат за тероризам !

Страшко Олумчев го повикува Никола Груевски да ги повлече својте потписи од  Пржино 1 и 2 – СeМакедонски Национален Совет – "Македониум"

 

Денес е време кога јавачите на апокалипсата галопираат по светот. Денес е време на зло и темнина. На замолкнати и запечатени усти, безгласни политички ороспии во функција на извршители на злото. Денес на испит е верата и вербата во Бога, хуманите и човечки вредности, фамилијата, традицијата ..

Еден мал фотон светлина е патоказ кон нормалните човечки придобивки, кои треба да ги браниме со сета сила, ако сакаме да не има .. Македонија, посебна приказна. Исто како и Македонскиот народ. Деноминирани на сила, замолчени и уплашени до бесвест со секакви казни.. А сите глумат душегрижници на народот. Сите до еден. На истиот тој народ на кој повторно по кој знае кој пат ќе му фрлат прашина во очи. Пак ќе го прелажат. Со малце надеж, со малце режија со фанфари.. За повторно да го однесат народот на слепата улица на црвените фенери на политичкото курвање до бесвест. А вистината е толку очигледна, да скоро никој не ја гледа. Факти има милион и точно се знае кој и што правеше за овие 5 години. Кој ја премолча Тиранската платформа, Бугарскиот договор, Преспанскиот договор и Уставните измени. Кој правеше кворум во собранието во кое се наметна власт на сила со државен удар, кој саботираше протести и повикуваше народ да не излегува. Кој кого нарекуваше фекалија итн.. А се нарекуваа опозиција и глумеа главна опозиција. Дури ја премолчаа и очигледната кражба на последните избори и така масакрирани и украдени де факто и де јуре, продолжија со филмот наречен конструктивна опозиција на северна, за која изјавија дека е реалност. Вистината е на друго место, не таму каде што платените медиуми вакви и онакви пласираат квази вистина, миксувана со дебели нарачки за правење херои од шарените експоненти на глобалистичката револуција во Македонија со која директно се удри по се што е Македонско, скриено и завиткано во обланда на револуција за правда и против криминал на политичарите. А истите и не се срамат денес од она што го направија, со носењето на Заев на власт. Денес се прикажуваат како борци за слобода и правда, сите маскосани, прифаќајки ја глобалистичката Менгеле агенда за тиранија и злосторство врз сопствениот народ. А народот брзо заборава што се случило во блиското минато и кој на која страна бил.. Важно е денес што збора. Па и уште дрско и безобразно се самопрогласуваат за херои и борци за слобода. Кампања над кампањите. Мајстори за предизвикување масовно слепило, научени кампањи во школите на Конрад – Соросовата институција, испробана генералнои во време на шарените и ГДОМ. Идеолошки празни фукари, платени од центарот на глобалистичката пропаганда и дузина политички идиот лепешки ќе бидат ставени во улога на водачи на нешто што не постои.
А не постои оти секогаш филмот прво се игра, а дури отпосле некои го гледаат и гракаат насекаде дека го гледале филмот. За жал..
На 30 август минатата година, од страна на МНП, беа повикани сите на улица и да формираме Народно собрание по пат на директно гласање. Ќутеа како мисири истите тие кои сега повикуваат на масовност, некои излетаа со јавни повици за народот да не излегува… Сите тие, иако Мицковски ги нарекуваше и фекалија, еве ги денес во негово друштво. Демек против Заев. Пред неколку месеци јавно кажав дека Заев е завршена приказна и комплетно потрошен материјал, на кого му е кажано дека заминува. Тоа време доаѓа за неколку месеци и сега е време за билдање на рејтинг на тој што треба да го замени, неговиот досегашен помагател и лажна опозиција, кој треба да продолжи таму каде што застана Заев, под команда на глобалистичкиот центар. А молчеше на државниот удар во собранието и учествуваше во работата на такво нелигитимно собрание, корзо правеше на 40 км од Нивици, додека се потпишуваше погребното опело на Македонија, си делеа шпилови карти и пратеници за Уставните измени. Безброј пати средби лидерски или тајни неважно, помеѓу Заев и Мицковски, пазарење под тезга…
Сега што? Каде? Мицковски некни имаше интервју во кое ги симна сите маски, неубедливо сакајќи да се прикаже како спасител на човечки животи, оти го убедил Заев за пописот демек. А во суштина тој го спаси Заев од класичен дебакл и уште поголем бојкот од референдумот, заради откриените афери со издавање државјанства и обидот за бетонирање на Рамковниот и се после него. А таму лежи основата на целата приказна. Рамковниот, Пржинските, Мајските и какви не други договори. Никогаш никој не спомна за фалсификатот на последниот попис, нешто кое имаше директно влијание и на изборните резултати и на се што е донесено како закон во собранието, почнувајќи од 2002 година до денес. Зоран Заев досега покажа дека око не му трепнува да одработи за непријателите на Македонија. Мицковски досега покажа дека не случајно се случи Валандово и дека он е селектираниот од глобалистите за следните епизоди на серијата Ништење на Македонија, како и за спроведување на КОВИД агендата на глобалистичкиот центар. Да го слушаш Даниловски, излегува дека Филипче е мала беба за него.
Сега е почеток на главното сиже, почетокот на крајот на сценариото со кој завршува рољата за мафтосување на народот и носење жеден преку вода. Епилогот е пак истиот од порано, односно СДС – ДПМНЕ трансфер позиција- опозиција, со нив секогаш во главни улоги, со неизбежен статист, непомрднат од фотељите на власта од 2002 година, УЧК… Или ДУИ, како веќе сакате.
Скоро 32 години, се менат на власт, крадат народни пари на секој можен начин, инсталираат нивни луѓе низ системот на власт, креираат контролирани дестабилизации.. Резултатот секогаш ист, они власт и опозиција, нивните луѓе во парламентот и на локално ниво распоредени, а народот со прстот во уста, осиромашен и без никаква иднина, раселен низ светот.. Заради нив.. И никој друг.
И пак ли да му се верува? Пак ли? Веќе ни докази не се потребни. Што повеќе треба да се случи, за да се свестите дека повторно ве носат на истата слепа улица на која ве носат со децении?
5 години поминав на улица. На почетокот, првите 6-7 месеци МАКЕДОНИУМ беше сам. Бачев жив го немаше да се појави, Апасиев беше уште шарен и советник на Катица Јанева, Палчо го немаше исто, ДПМНЕ саботираше до максимум секој протест оти тоа им го рушеше филмот за 27 април и местенката во која учествуваа активно, односно вториот дел од местенката која треба да се случи во блиска иднина, демек во име на уставобранителите.. Да бидеме на јасно. Јас на 27 април бев внатре во собранието и видов се што се случи .. Никој не зборува за тепањето на народот и фрлањето на шок бомби под нозете на народот.. Никој жив ! Што е, тие од народот кои беа внатре не се Уставобранители ?? Тие не беа внатре за да ја бранат државата од државниот удар кој беше извршен на препад? Оти бре никој денес не спомнува за бомбите, нивното селектирано објавување и каде се бомбите за функционерите на СДС и ДУИ? Зошто ДПМНЕ молчи за ова прашање? Зошто ДПМНЕ молчи за ликвидацијата на Коста Крпач? Зошто ДПМНЕ молчи за пробиениот безбедносен систем, посебно ДБК и комплетното разузнавање и инсталацијата на комплетното УЧК во истиот ? Зошто ДПМНЕ молчеше и сеуште молчи за убиството на Стојан Павлевски- Кобра, осуден за настаните од 27 во случајот Зијадин Села? Молчат ! Исто како што молчеа за Тиранската платформа, Бугарскиот и Преспанскиот договор и за Уставните измени ! Молчеа и за оние во чие име сега земаат учество на протест ! Лицемери едни ! Од сам почеток ги наместивте и ги оставивте да лежат таму и сега повторно во нивно име се појавувате пред народот !
Да бевте вие вистински опозиција и искрени спрема сопствениот народ, вие ќе напуштевте собранието уште од државниот удар на 27 април и ќе бевте со народот на улица и одамна Заев ќе го немаше. И никој од нив немаше да лежи за 27, не пак да им судат за тероризам ! Тие што ќе лежеа за предавство на државата и злосторничко здружување ќе беа овие на власт , со се Заев на чело !
Сега да бидам јасен. Републиканската Македонска Народна Партија ќе излезе со јасен став за 25 април. Јас како човек имам куп причини да се лутам на некои од тие што се судени за 27 април. Први дојдовме уште по самото притворање на Кире Гоергиевски во Шутка после гласините за малтретирање и побаравме посета. Од Македониум бевме јас и Лилјана Тошеска и Ацо Бранители Стојановски , како представник на неговото здружение. Расправиите на капија и тоа што се случуваше таму е друга приказна.
Она што со сигурност можам уште сега да ви го кажам е следново .. И да се појавиме таму, тоа сигурно нема да биде за дружба со Мицо Такис и ДПМНЕ или Бачев и слични. Ако се појавиме, ќе се појавиме како и досега, во име на Македонија, подршка на СИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ и конечен пад на Заев !
Однапред исклучуваме и отфрламе секакви обиди за наше било какво поврзување со Мицковски и ДПМНЕ посебно. На нас Македонија ни е пред и над се, а не Мицковски и ДПМНЕ по секоја цена на власт или да калкулираме едно, две пратенички места во некоја идна коалиција со нив, како што прават некои ..
#ЕНДЕ

Related posts

Leave a Comment