Свет

САД распоредија авиони Ф-22 раптор во Катар, поради зголемените тензии со Иран

 

 

Американските воздухопловни сили распоредиле  борбени авиони Ф-22 Раптор во нивната воздушна база во Катар, во услови на  зголемување на тензиите со Иран.

Според кратка изјава објавена од Централната команда на САД, авионите  Ф-22 Раптор биле распоредени во нивната воздушна база во Катар на 27-ми јуни.

Во соопштението се вели дека “Ф-22 се распоредени во Катар за прв пат, со цел да ги одбранат американските сили и интереси во областа изјави Централната команда на САД”.

Од своја страна, Асошиетед прес објави дека оваа група вклучува околу 10 борбени авиони и е испратена во Катар како дел од процесот на зајакнување на американските сили побарани од Централната команда минатиот мај, како одговор на она што се опишува како зголемени закани на Иран против САД во регионот на Заливот.

Авионите, кои носат проектили од типот “воздух-воздух” и се способни за напад и на земја. Тие беа распоредени во воздухопловната база на Обединетите Арапски Емирати и претходно беа користени за поддршка на операциите на САД и нејзините сојузници во Сирија.

Од почетокот на мај 2019 година, САД испратиле  голем број на воени бродови под команда на носачо на авиони Абрахам Линколн и неколку авиони бомбардери од типот Б-52 во регионот на Заливот, како и нови  системи  Патриот и дополнителна бројка 2.500 воен персонал.

Related posts

Leave a Comment