Свет

САД СЕ ТРЕСЕ ПОРАДИ СОФТВЕРОТ ДОМИНИОН: ФБИ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ИСТРАГАТА СО ИЗБОРНАТА КРАЖБА, НИТУ СРБИЈА НЕ Е ПОШТЕДЕНА

Dominion employees latest to face threats, harassment in wake of Trump  conspiracy - ABC News

Фил Клајн, директор на проектот Амистад за иницијатива за слобода на општеството, тврди дека сведочењата на експерти под заклетва докажале дека „повеќе од 300 000 гласачки ливчиња се спорни во Аризона, 548 000 во Мичиген, 204 000 во Џорџија и над 121 000 во Пенсилванија.“

Клајн наведува дека ФБИ побарал пристап до нивната анализа на податоци.
Амистад претстави тројца сведоци на прес-конференција во Вирџинија, од кои едниот исто така се појави на сослушувањето на законодавниот дом на Пенсилванија минатата недела.

Сведокот Грегори Стенстром рече дека видел човек од „Доминион“ како вметнува флеш-дискови во машините за собирање гласови во округот Делавер, како и дека изборните службеници менувале разни дискови од разни машини за собирање, што ја доведува во прашање контролата на резултатите. пренесува РТ.

Итан Пас, кооперант на американската поштенска служба од Висконсин, сведочеше дека му било кажано за плановите за промена на датумот на десетици илјади гласачки ливчиња, со цел да се заобиколи законскиот рок за нивно доставување.

Џес Морган, возач на камион кој ја возел поштата од Њујорк до Пенсилванија и назад, сведочеше дека на 21 октомври, неговата приколка била натоварена во Њујорк со 24 специјални картонски кутии од американската поштенска служба, во кои имало 144,000 до 288,000 гласачки ливчиња кои требаше да ги истовари во Харисбург, Пенсилванија.

Наместо тоа, тој беше приведен шест часа во Харисбург, а надзорникот му рекол да вози до Ланкастер без истовар. Тој одбил да му издаде на Морган било какви документи. Морган ја паркирал приколката на своето вообичаено место во Ланкастер, а приколката исчезнала следното утро, со се гласачките ливчиња.

Агентите на Федералното биро на САД се подготвени да ги испитаат наводите на Доналд Трамп за кражба на гласови и да испратат тимови да ја испитаат српската компанија „Доминион“, која сегашниот шеф на Белата куќа директно ја обвини дека стои зад киднапирањето на 2,7 милиони гласови.Споменатата компанија е дел од „Доминион системот за гласање“, а софтверот за компјутери кои ги броеа гласовите во Америка е направен во Белград.

Loading...

Related posts

Leave a Comment