Свет

САД ФОРМИРА ГРУПА ЗА БОРБА ПРОТИВ АНТИВЛАДИНИТЕ ЕКСТРЕМИСТИ

Confirman a William Bar como nuevo fiscal general de Estados ...

Американскиот државен обвинител. Вилијам Бар/ нареди формирање на работна група за борба против, како што рече, антивладините екстремисти кои „вршат насилство“.

Екстремистите се појавуваат за време на протестите низ целата земја.

Во меморандумот до полицијата и обвинителството, Бар истакна дека „екстремистите се вклучени во неотповикливи акти на насилство насочени кон поткопување на јавниот ред и мир“, вклучително и напади врз полицајци, уништување на имот и закани за невини луѓе.

Тој додаде дека демонстрантите припаѓаат на голем број идеологии.

„Некои се преправаат дека ја шират пораката за слобода и напредок, но всушност тие се сили на анархија, уништување и принуда“, рече Бар.

Тој го истакна милитантното антивладино движење познато како „бугалу“ и левичарската Антифа како оние кои претставуваат „постојана закана од беззаконие“.

Иако се претежно мирни, протестите кои се шират низ САД последниве месеци, во некои случаи станаа насилни, при што претседателот Доналд Трамп и неговите соработници ги обвинуваат левоориентираните екстремисти меѓу демонстрантите.

Трамп вчера повика на апсење на демонстрантите вклучени во неделниот обид за рушење на статуата на генералот и поранешниот претседател Ендру Џексон во паркот пред Белата куќа.

„Јас ја овластив федералната влада да го уапси секој оној што уништува или оштетува кој било споменик, статуа или друг ваков федерален имот во САД и да се казнат со казна до 10 години затвор според законот за зачувување споменици на ветерани или други важечки закони“, објави Трамп.

Loading...

Related posts

Leave a Comment