Свет

Салвини : никогаш не сум добил никакво финансирање од Русија, ниту една рубља, долар, евро, па дури ни литар водка”

 

 

Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини негираше дека добил било какво финансирање од Русија, откако BuzzFeed објави извештај во врска со сомнителен договор помеѓу Италијанците и Русите за финансирање на неговата партија со “нафтените пари” на Москва.

Ова го кажав порано, но јас пак ќе го повторам денес, утре и следниот ден – никогаш не сум добил никакво финансирање од Русија, ниту една рубља, долар, евро, па дури и литар водка” изјави Салвини.

Извештајот, објавен во средата, се заснова на долгиот текст, за кој се вели дека е препис од аудио материјал, наводно снимен на 18 октомври минатата година во фоајето на хотелот “Метропол” во Москва. Наводно тројца Италијанци и тројца Руси разговарале за прилично сомнителен договор за гориво, со цел да се финансира “политичка кампања”.

BuzzFeed тврди дека кампањата за која станува збор се европските избори што се одржаа во мај. Сепак, не е многу јасно за која  “политичка кампања” учесниците на претпоставената средба разговараат на аудио снимките.

Еден од преговарачите е идентификуван во извештајот како Џанлука Савоини – постар помошник на Салвини, но сите други учесници  не се именуваат. Савоини го отфрли извештајот.

“Тоа е уште еден политички напад што е апсолутно неоснован.Ние никогаш не сме добиле ниту една рубља од никого. Затоа снимките се само празен разговор “, изјави Савоини.

Приказната за наводниот таен состанок во хотелот Метропол, зборува за финансирање на партијата на Салвини со сомнителни руски пари и за првпат беше објавена во февруари во списанието L’Espresso. Весникот тврди дека италијанскиот вицепремиер лично се сретнал со својот руски колега Дмитриј Козак , како и учеството на Савоини во наводниот договор. Не беа дадени дефинитивни докази за тврдењата, освен од фотографиите на Савоини снимени во Москва – каде што тој присуствуваше на конференцијата .

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!