Македонија

Санкциите кон Русија ни се удрија од глава: Од 1 ви септември мерки за штедење на електрична енергија

Лажел дека работи во ЕВН, па поставил неодобрено електрично броило –  Kurir.mk

Санкциите кон Русија очигледно го земаат својот данок бидејќи Македонија е сто процентно зависна од рускиот гас. Делумно тоа може да се каже и за нафтените деривати. Овие енергенси се битни во производството на електрична енергија. Поради нивниот недостаток и аголемување на цените на истите, владата најави некакви мерки на штедење.

 

Да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици, да не се палат сијалици во канцелариите денски, во лето климите да бидат над 27, а во зима до 20 степени, ако е можно, да се инсталираат колекторски системи за загревање на вода, да се исклучуваат светилките после работно време, а старите сијалици да се заменат со штедливи, редовно да се чистат климите, да се заменат прозорците со ПВЦ.

Ова се најважните задолженија кои ќе ги имаат државните институции од 1 септември. Владата со драматични мерки за штедење, поради кризата и претстојната најтешка зима во поновата историја. За државните и локалните институции и за градот Скопје, мерките се задолжителни. За граѓаните и стопанството, се само препораки.

Бектеши апелира и граѓаните да се вклучат во штедењето, но со препораки, а не со задолженија. Бојлерот само кога треба и само на евтина струја, фрижидерот не на најниска температура, разумно со грејните тела, машините за садови и алишта пуштајте ги полни на евтина струја, што повеќе користете го сонцето наместо сијалиците, а нив заменете ги со штедливи и исклучувајте ги кога не ви требаат, спуштајте ги ролетните и завесите налето преку ден, во зима навечер, компјутерите и полначите нека не работат залудно, гответе во помали садови и рингли, изолирајте ги ѕидовите, прозорците и вратите, купувајте штедливи апарати, апелираше Бектеши. Слични се препораките и за фирмите, на кои им се сугерира да обрнат повеќе внимание на енергетски ефикасните технологии. Бектеши вели дека рестрикции нема да има ако се оди според планот на државните елктрани. Оттаму велат дека производството на струја веќе е зголемено за 15 отсто во однос на лани.

Министерот Бектеши вели дека Владата има план и за најлошото сценарио и не ја отфрли можноста повторно да се прогласи кризна состојба во енергетиката.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!