Свет

Саудиска Арабија го заразила Бајден со корона!?

Дописникот на „Њујорк пост“ од Белата куќа Стивен Нелсон го збуни координаторот за стратешки комуникации на НСЦ, Џон Кирби, кога го праша дали неодамнешната борба на претседателот Џо Бајден со короната е резултат на намерна акција на Саудиска Арабија.

Една недела откако беше позитивен на тестот за корона вирусот, Бајден се појави во Градината на розите, истакнувајќи го неговото закрепнување од болеста и пофалувајќи ги вакцините и лековите што помогнале. Во меѓувреме, тој повторно стана позитивен на корона вирусот.

И во неделата кога беше болен, интересот на медиумите за оваа тема беше голем, толку многу што изгледаше како да се разговара за секој аспект од темата.

Сепак, на брифингот за печатот во Белата куќа во средата (28 јули), Нелсон се осврна на друг аспект што се чинеше дека многумина го пропуштија.

Тој го праша Кирби – кој ѝ се придружи на прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за да помогне во разгледувањето на размената на руски затвореници – дали САД ја разгледуваат можноста дека „саудиската влада намерно го изложила претседателот на коронавирусот“.

Зачуден, Нелсон рече дека прашањето е надвор од неговиот „домен“ и дека треба да и се обрати на Жан-Пјер за да одговори на прашањето за здравјето на Бајден.

Тој исто така истакна дека не знае од каде е идејата и што го поттикна Нелсон да го постави прашањето на тој начин, пренесува indi100.

„Идејата дека странска национална држава намерно ќе се обиде да го зарази претседателот на Соединетите држави со вирус е смешна – апсолутно смешна“, рече Кирби.

Тој додаде: „Нема ништо од тоа. И треба да се третира како — како смешна идеја“.

Ова не е единствениот пат кога Нелсон ги збунува официјалните лица на брифинзи со новинарите.

Тој, исто така, побара од тогашната прес-секретарка Џен Псаки да се осврне на тоа дали Бајден планира да го евтаназира своето куче, Мејџор, по пријавен „инцидент со каснување“ од персоналот на Белата куќа.

Related posts

Leave a Comment