Свет

Саудиска Арабија: Користено иранско оружје, нападот не е од Јемен, како што тврдат Хутите

 

Портпаролот на саудиската армија, полковник Турчи ал-Малики, рече дека првичните истраги покажале дека иранско оружје било користено во нападот врз нафтените објекти.

Полковникот Ал Малики им изјави на новинарите во Ријад дека нападите во саботата не биле изведени од Јемен, како што тврдат хутите.

Ал Малики не даде дополнителни детали, но додаде дека конечните резултати од истрагата ќе бидат објавени на медиумите кога ќе заврши истрагата.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на беспилотните летала на нафтените рафинерии „Абкаик“ во Букијак.

Поради штетата предизвикана на постројките, производството на сурова нафта на Саудиска Арабија е намалено за 5,7 милиони барели дневно, што е повеќе од пет проценти од светското производство на сурова нафта во светот.

Ирак веќе негираше дека дроновите на јеменските бунтовници биле лансирани од негова територија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!