Соопштенија

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ПРОТИВ ВАКЦИНИТЕ НА БИЛ ГЕЈТС!

Фотографија на World Macedonian Congress - Светски Македонски Конгрес.

6 јуни 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара Македонската Влада да ја отфрли апликацијата за пристапување на државата Македонија во Иницијативата за унапредување на примарната здравствена заштита, основана во 2015 година од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и Светската здравствена организација (СЗО).

СМК смета дека Македонија не треба да биде првата и единствена држава во Европа во која ќе се спроведува проектот за деветовалентна вакцина против ХПВ (humani pаpiloma virus) инфекции како полово преносливи болести и причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката, донација на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс!

СМК предупредува, Македонската Влада да има предвид, дека Соединетите Американски Држави (САД) покренаа тужба против Бил Гејтс, со чии вакцини профитираат неговите компании со монополска контрола врз глобалната здравствена политика! САД го прекинаа финансирањето на СЗО! САД ги прекинаа програмите на Бил Гејтс за задолжителна вакцинација врз американските деца!

СМК потсетува, откако Бил Гејтс ја презеде контролата врз Индиската Национална техничка советодавна група за имунизација, со цел искоренување на детското полио, индиските лекари ја обвинија кампањата на Бил Гејтс меѓу 2000 и 2017 година за катастрофалната не-полио акутна флакцидна парализа која парализира 490.000 деца во Индија! Поради ова, индиската влада во 2017 година го отповика режимот на вакцини на Бил Гејтс и тој ја напушти Индија!

СМК потсетува, СЗО во 2017 година неволно прифати дека глобалната експлозија на детска парализа се должи претежно на вакцинирањето: до 2018 година, 70% од случаите на детска парализа биле вакцинирани! Најстрашните епидемии во Конго, Авганистан и Филипините се поврзани со вакцините!

СМК потсетува, во 2014 година Фондацијата Бил Гејтс финансираше тестови на експериментални вакцини против ХПВ, изработени од компаниите “Глаксо Смит Клајн” и “Мерк”, на 23.000 млади девојки во Индија. Околу 1.200 се здобиле со сериозни несакани ефекти, вклучувајќи нарушувања на автоимунитетот и плодноста, седум од нив починале… Истрагите на индиската влада обвинија дека истражувачите биле финансирани од Бил Гејтс.

СМК потсетува, во 2010 година Фондацијата Бил Гејтс го финансираше испитувањето на експерименталната вакцина против маларија, која уби 151 африкански бебиња и предизвика сериозни негативни ефекти, вклучувајќи парализа, нервни тикови и фебрилни конвулзии на 1.048 од 5.949 деца.

СМК потсетува, во 2002 година во Субсахарска Африка, оперативците на Бил Гејтс насилно вакцинираа илјадници африкански деца против менингитис. Околу 50 од 500 вакцинирани деца развиле парализа. Поранешниот висок економист на Нелсон Мандела, професор Патрик Бонд, ги опиша филантропските практики на Бил Гејтс како “немилосрдни и неморални“.

СМК потсетува, во 2010 година Бил Гејтс даде 10 милијарди американски долари на СЗО велејќи: “Ние мора да ја направиме оваа декада на вакцини“. Во Тед-разговор Бил Гејтс рече дека новите вакцини “може да ја намалат популацијата“!

СМК потсетува, во 2014 година Католичката асоцијација на лекари во Кенија ја обвини СЗО за хемиско стерилизирање на милиони Кенијки со вакцинална кампања за “тетанус“. Независните лаборатории пронајдоа вметнат маркер кој предизвикува стерилитет во секоја тестирана вакцина. Откако ги негираше обвинувањата, СЗО призна дека повеќе од една деценија развива вакцини против стерилитет. Слични обвинувања дојдоа и од Танзанија, Никарагва, Мексико и Филипините.

СМК потсетува, студијата за 2017 година (Моргенсон и други) покажа дека популарната вакцина против ДТП (дифтерија, тетанус и пертусиз-голема кашлица) на СЗО уби повеќе африкански деца отколку заболувањата против кои таа беше наменета. Девојките вакцинирани со ДТП претрпеле 10 пати поголема стапка на смртност кај деца кои се’ уште не ја примиле вакцината. СЗО одби да се повлече смртоносната вакцина што ја применува врз десетици милиони африкански деца годишно!

СМК потсетува, дека глобалните службеници за јавно здравје го обвинуваат Бил Гејтс дека тој ги пренасочил агенциите да му служат на личната филозофија, дека доброто здравје доаѓа само со вакцинација на населението.

СМК потсетува, покрај тоа што ја користи својата филантропија за контрола на СЗО, УНИЦЕФ, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) и Глобалната мрежа на иноватори за унапредување на здравствената еднаквост (ПАТХ), Бил Гејтс финансира приватна фармацевтска компанија која произведува вакцини, а дополнително донира 50 милиони долари на 12 фармацевтски компании да го забрзаат развојот на вакцина против коронавирусот.

СМК предупредува, дека Бил Гејтс веќе направи катастрофална штета врз здравјето на децата и возрасните низ светот со: смрт од “неговите“ вакцини, тешки болести предизвикани од нив, и тајната агенда, стерилизација на милиони жени низ светот без самите тие да го знаат тоа, без нивна согласност и дозвола!

СМК предупредува, многумина познавачи на глобалните прилики го обвинуваат Бил Гејтс дека позади вакцинирањето за кое тој се залага се крие вбризгување на микрочип импланти во телото на луѓето, заради целосна контрола врз светската популација во корист на глобалната влада од сенка. Бил Гејтс е коосновач на ID2020 Alliance, алијанса која се залага за задолжителна дигитална идентификација на секој човек во светот!

СМК потсетува, Бил Гејтс е на удар од американскиот претседател Доналд Трамп, откако отворено ја поддржа СЗО, а истовремено се заложи за изнаоѓање вакцина против коронавирусот. Бил Гејтс на форумот во Давос во 2015 година направи сиимулација на справување со глобална пандемија од непознат вирус, а токму тоа го стави под сомневање дека е еден од клучните играчи во креирањето и ширењето на коронавирусот 2020 година.

Loading...

Related posts

Leave a Comment