Религија

СВЕШТЕНИЦИТЕ ПАДНАА НА ИСПИТОТ НА ВЕРАТА ПРЕД МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЃОРЃИЈА

ЛИТИЈАТА ВО СТРУГА Е ОДРАЗ НА ВЕРОЉУБИВИОТ И СЛОБОДАРСКИ МАКЕДОНСКИ НАРОД

“Познато е како многу болни, слепи, хендикепирани оделе кај моштите на св. Ѓоргија кои имаат исцелувачка моќ. А, сега толку неверување во истите тие мошти?

Тие вибрираат на високо, ја подигнуваат позитивната енергија и имунитетот, и никаков вирус не може ни да опстои во нивна близина. Одлично што се собрале луѓето, браво за нив, не само што нема да се разболат, него добија повеќе здравје. Каде се сега свештените лица да го објаснат ова? Тие треба да го знаат ова. Како сега сите испаднаа најголеми неверници?

Свештените лица треба да кажат дека однапред им дале известување на луѓето како да се извршува Литијата и дека треба да се почитуваат Законите. Но, дека тие не се помоќни од Светецот Ѓоргија. Туку, Св. Ѓоргија е над сите, неговите мошти кои зрачат се над Законот, над Свештениците, над народот и тие им дале голема сила, храброст на народот, да не се плашат, туку спонтано да се соберат и да тргнат по нив.

Моштите зрачат многу силно, тие даваат голема позитивна енергија, тие лечат, тргаат се што е негативно, те подигнуваат повисоко и тие се како магични, самите те носат, и те прават и да не мислиш многу. Значи зрачењето им е толку јако. Тие позитивно и силно влијаеле над народот и тој не да не сакал да почитува закони, него спонтано без многу размислување тргнал по нив.

Литијата е заради моштите на Светецот и вчера Светецот диригираше како ќе биде, тој влијаеше на се, се беше под негова контрола и беше посилен и од самата полиција, која беше немоќна да помисли да делува. Свештените лица треба ова да го знаат и кажат. Но тие не кажуваат бидејќи живеат неправилно и ова не го разбираат.

Свештените лица покажаа дека не го знаат и разбираат нивното учење. Тие во Црквите зборуваат како научиле, но и самите не веруваат во тоа и не го живеат тоа. Моштите на Светецот се силни исто како да е жив. Покрај нив не само што не млже да има Корона, туку не може да се доближи никаков вирус. Сите луѓе во нивно присуство се исцелуваат.

И затоа браво за народот кој беше тука, тој е во добивка, никако не е во загуба. Ова е доказ дека Светецот, Бог е над се, над политичарите и дека народот природно го бара и следи Бог, а за политичарите ова е научна фантастика која не знаат да ја сфатат. Како заклучок, дали вчера се беше под контрола и водство на св. Ѓоргија? -Да, се беше под негова контрола и водство и тој го повлече народот да го следи. Дури и на оние плашливи им даде храброст и сила и тие недвосмислено тргнаа да го следат. ”

Дали политичарите се попаметни од Светецот?

Loading...

Related posts

Leave a Comment