Дипломатија Македонија

Сергеј Баздникин ги замолкна бугарите: Русија безусловно ги признава македонскиот јазик и историја

Русија секогаш безусловно ја признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет, изјави денеска рускиот амбасадор Сергеј Баздникин при неговата посета на Куманово. Тој во изјава за медиумите посочи дека Русија и натаму останува посветен пријател на државата.

„ Ние сме подготвени за конструктивна, взаемна, корисна, соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни. Нашата интеракција треба да се развива на деполитизиран начин, врз принципите на еднаквоста, взаемна доверба и почитување, прагматизмот и водење сметка за меѓусебните интереси. Длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од политичките прилики. Руската страна секогаш безусловно признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик историја, култура и идентитет,“ изјави амбасадорот Баздникин .

Тој нагласи дека двата народа споделуваат заедничките вредности како што традициите на антифашистичката борба и кажа дека му е драго што секоја година по повод денот на ослободување на Куманово полага цвеќе на Спомен костурницата и им оддава почит на паднатите херои.

 

Тој при посетата на Куманово се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски со кој разговарале за добрата соработка на полето на образованието помеѓу кумановски и руски училишта, за можноста за проширување на економската соработка.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!