Шефот на руската дипломатија наведува дека официјален Лондон се обидува да најде изговор британската морнарица да се инфилтрира во Црното Море и да управува со речиси сите процеси на транспорт на жито од пристаништата минирани од Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека официјален Лондон се обидува да најде изговор за британската морнарица да се инфилтрира во Црното Море и да управува со речиси сите процеси на транспорт на жито од пристаништата минирани од Украина.
Лавров за ТВ Русија 1 изјави дека кризата со храна се користи за различни цели, не само на полето на пропагандата, со цел да се прикаже Украина како невина и уште еднаш, како што рече, „да ги сврти сите кучиња“ кон Москва, пренесува РИА вести.