Свет

Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад на Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во саботата се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја додека тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат.

Говорејќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко рече дека им наредил на своите вооружени сили да таргетираат „центри за одлучување“ во западните престолнини во случај на напад врз Белорусија, објави белоруската новинска агенција Белта.

„Не допирајте не и ние нема да ве допреме“, рече тој.

„Ако се осмелите да нападнете, како што планирате, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромот, аеродромите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде моментален. За една секунда! Имаме со што да одговориме“, рече Лукашенко и нагласи дека центрите се на дофат на ракетите и дека нема да гледа кој седи во канцелариите или палатите, туку дека одговорот ќе биде недвосмислен. Тој изјавил и дека негова задача како претседател е да ја заштити земјата, пренесува Белта.

Related posts

Leave a Comment