Свет

Серија смртоносни торнада во САД – најмалку 80 загинати, околу 300.000 луѓе без струја

Apocalittica ondata di tornado negli Stati Uniti: si temono almeno 100  morti solo in Kentucky

За време на силното невреме од торнадa коi поминаa низ шест американски сојузни држави загинаа најмалку 80 луѓе, а на потег од 320 километри беа уништени објектите кои беа на патот на невремето.

Најмалку четири торнада во текот на ноќта погодија делови од Кентаки, а штета беше направена во неколку области на таа сојузна американска држава. Гувернерот на Кентаки, Енди Башир, рече дека бројот на загинати може да биде повеќе од 100, објави Ројтерс .

„Никогаш не сум видел вакво ниво на уништување. Многу сме сигурни дека изгубивме повеќе од 50 жители на Кентаки. Сега сум сигурен дека тој број е повеќе од 70. Всушност, може да биде повеќе од 100 на крајот на ден“, рече Бесир.

Во спасувачката акција учествуваат 189 припадници на Националната гарда, а како што изјави Бесир, во Кентаки без струја останале повеќе од 56.000 луѓе.

Невремето остави најлоши последици во Мејфилд, мал град со околу 10.000 жители во западниот дел на Кентаки, во близина на границата со Илиноис, Мисури и Арканзас.

Во фабриката за свеќи на тоа место се заробени околу 110 луѓе, бидејќи се урнал покривот на фабриката. 

Работничката во фабриката Кајана Парсонс-Перез изјавила дека се слушнал ветер и дека после тоа се урнал покривот.

Се преврте камион во Боулинг Грин во Кентаки

Се преврте камион во Боулинг Грин во Кентаки

 

Најмалку 36 торнада се пријавени во пет држави  – Арканзас, Кентаки, Мисури, Илиноис и Тенеси. 

Во Тенеси најмалку три лица ги загубија животите, додека во северниот дел на Арканзас едно лице загина, а најмалку пет се повредени при оштетување на покривот на дом за стари лица. 

Властите на Илиноис соопштија дека голем број луѓе биле заробени во магацинот „Амазон“ при делумно уривање на покривот, а потврдено е дека има и жртви. 

Поради невремето невремето остави 300.000 потрошувачи во седум американски сојузни држави.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!