Свет

СЕТЕТЕ СЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА, ЛИБИЈА И ИРАК! Захарова јасно му порача на Западот – „Не ја гледате гредата во сопственото око“

Marija Zaharova - tko je žena iza glasa Rusije? - Women in Adria

Западните земји се обидуваат да ја критикуваат Русија во ситуацијата со Украина, но не сакаат да се потсетат на злосторствата што ги направиле, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, наведувајќи ги како пример нападите врз Југославија, Либија и Ирак. 

– Сите критики на Париз и на другите западни претставници против Русија, по правило, јасно се вклопуваат во основата на вистината: „Гледаме раска во туѓото око, а во нашето не ја гледаме гредата“. Пред да почнат да разговараат на тема воени злосторства, треба да се сетат на сопствената историја на воздушни напади врз Југославија, Либија, Ирак – истакна синоќа Захарова.

Немоќен гнев се појави во Америка поради неуспешните планови Украина да се направи упориште за напади врз Русија, истакна таа.

Тој гнев практично го доведе Вашингтон до виртуелна точка без враќање во билатералните односи, рече Захарова, додавајќи дека очигледно не се претпоставувало дека Русија ќе го издржи тој удар.

Зборувајќи за преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина, Захарова рече дека тие продолжуваат во формат на видео конференција.

– Преговорите меѓу руската и украинската делегација за нацрт-договорот за решавање на ситуацијата во Украина и нејзината неутралност во моментов продолжуваат преку видео-конференции. „Се разговара за воени, политички и хуманитарни аспекти“, рече таа.

Захарова рече дека главната пречка во преговорите со Украина е недостатокот на независност на режимот во Киев.

– Одлуките не ги носи режимот во Киев, а донесените одлуки не се во согласност со интересите на народот, граѓаните на Украина. Сето тоа се прави под влијание на Вашингтон преку соодветни канали на комуникација, одлуките се претставени како одлуки на украинската страна, а всушност тие не се одраз на реалноста или политики насочени кон интересите на украинската страна, државата. Зад режимот во Киев стојат експерти кои преку тој режим ги остваруваат своите цели – нагласи рускиот функционер.

Ако тргнеме од тоа дека напредокот е всушност движење, развој и дека се преговара, тогаш тоа е напредок, додаде таа.

Таа исто така вели дека Русија се надева оти Киев ќе ја разбере неизбежноста од мирно решение на проблемот со демилитаризација и денацификација на Украина, нејзина трансформација во неутрална држава за доброто на населението на земјата и на цела Европа.

– Колку побрзо претставниците на режимот во Киев и нивните покровители го разберат тоа, толку побрзо ќе биде завршена специјалната воена операција – изјави Захарова.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!