Свет

Се враќа ли Трамп повторно на Фејсбук – конечна одлука во среда

Donald Trump: Facebook removes Donald Trump campaign ad over 'hate symbol' - The Economic Times Video | ET Now

Надзорниот одбор на „Фејсбук“ објави дека во среда ќе ја донесе долгоочекуваната одлука за судбината на налозите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи на компанијата.

Се наведува дека одборот „Фејсбук“ добил повеќе од 9.000 јавни одговори во врска со суспендирањето на сметката на Доналд Трамп на социјалните мрежи Фејсбук  и Инстаграм  на неопределено време.

Сметката на Трамп на Фејсбук беше  прекината откако демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот во Вашингтон на 6 јануари, а конечната одлука беше пренесена на надзорниот одбор, кој е независно тело и може да ги менува одлуките во врска со сметките на социјалните мрежи

Трамп беше суспендиран од Фејсбук  и Инстаграм на „неопределено време“ ден по упадот на неговите приврзаници во Конгресот кои сакаа да го променат изборниот резултат, пренесува Си-Ен-Ен . Слични чекори презедоа и Твитер и Јутјуб , како што наведоа, заради ризикот од поттикнување насилство.

„Веруваме дека ризикот да му се дозволи на претседателот да продолжи да ги користи нашите услуги во овој период е едноставно премногу голем“, рече тогаш директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Уште во јануари, компанијата „Фејсбук“ побара од надзорниот одбор да донесе конечна одлука за суспензијата на Трамп и изјави дека е важно за тоа да одлучи независно тело.

Related posts

Leave a Comment