Македонија

Се` додека вашите глави се измешани, немате курс, цели и приоритети за граѓански потреби, се’ дотогаш и овие луѓе ќе бидат стигматизирани – Јорданка Ивановска Јоци

 

Мојата последна прикаска, пред да го напуштам новинарството, беше со Лила, трансродово лице, кое сакаше да си го промени полот. Таа помина низ пекол.

Тие операции не се скапи, а во Македонија нема многу луѓе кои тоа го посакуваат, се бројат на прсти, за да се крева толку врева и луѓето да фрлаат со дрвја и камења.
Во Србија одамна ова е пракса и чини 1.000 евра за српски државјани, раскажа Лила.

Сепак, она кое имам да му го порачам на Заев, Филипче и Ден Дончев е следното – се` додека вашите глави се измешани, немате курс, цели и приоритети за граѓански потреби, се’ дотогаш и овие луѓе ќе бидат стигматизирани.
Оваа вест во нормални општества, со модерно здравство каде граѓаните ги уживаат сите права, би поминала со аплауз. Но, вам ви умираат бебиња, родилки, луѓе чекаат со години за протези за да проодат, болни деца немаат за лекови, немате ни лекови во аптеки, а вие промената на полот преку Фонд ја презентирате среде владин хаос и реконструкција.
Со тоа, на трансродовите луѓе, не им правите ништо добро со вашите намери кои, според мене – не се добри. Само се лоша пропаганда. И ништо повеќе.
Цело општество во моментов ги исмејува.

 

Фб статус на Јорданка Ивановска Јоци

Статусот е осврт на статија на Јоци за порталот Само Прашај

линк од статијата :

 

http://samoprasaj.mk/zaednistvo/425-2017-04-25-11-14-44?fbclid=IwAR3qTIVQ6dSv8Ak0mxk0pkiKw8exJSGY1jbU-nH2NjU9EGv3zJ5AA_iXBbc

 

 

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment