Страшни закани од неидентификуван исламист се појавија на Твитер објавата на виенската полиција, која ги предупредува граѓаните за терористичкиот напад што се случува во главниот град на Австрија.
– Се колнам во Алах, ова е само почеток – напиша извесен Абдилмунтаким ал Ираки.
– По волја на Алах, оваа битка нема да заврши во Ирак или Сирија. Ние ќе победиме. Подгответе се, бидејќи борбата штотуку започна – напиша тој.
Неговата сметка брзо беше суспендирана, а засега не е познато дали тој е поврзан со терористичките напади.
Следната порака беше објавена претходно денес од истата сметка: „Подготвивме изненадување за вас“
Полицијата потврди дека нападите биле извршени на шест различни места во Виена, а сторителите со себе носеле оружје. Еден напаѓач беше убиен, неколку цивили беа сериозно ранети.
Според првите официјални извештаи, во виенските болници има 15 повредени.