Свет

Се колнам во Алах, ОВА Е САМО ПОЧЕТОК : Страшни закани на наводниот исламист до австриската полиција – подгответе се, борбата штотуку започна

Се колнам во Алах, ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Гаден закани на наводниот исламист до австриската полиција - подгответе се, борбата штотуку започна

Страшни закани од неидентификуван исламист се појавија на Твитер објавата на виенската полиција, која ги предупредува граѓаните за терористичкиот напад што се случува во главниот град на Австрија.

– Се колнам во Алах, ова е само почеток – напиша извесен Абдилмунтаким ал Ираки.

– По волја на Алах, оваа битка нема да заврши во Ирак или Сирија. Ние ќе победиме. Подгответе се, бидејќи борбата штотуку започна – напиша тој.

Неговата сметка брзо беше суспендирана, а засега не е познато дали тој е поврзан со терористичките напади.

Следната порака беше објавена претходно денес од истата сметка: „Подготвивме изненадување за вас“

Полицијата потврди дека нападите биле извршени на шест различни места во Виена, а сторителите со себе носеле оружје. Еден напаѓач беше убиен, неколку цивили беа сериозно ранети.

Според првите официјални извештаи, во виенските болници има 15 повредени.

Loading...

Related posts

Leave a Comment