Свет

СЕ ОГЛАСИ ДОНАЛД ТРАМП : Никогаш нема да се откажам од борбата за вас и нашата земја

НАЈАВИ ДОНАЛД ТРАМП: Никогаш нема да се откажам од борбата за тебе и за нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе ја продолжи правната борба, бидејќи неговиот демократски ривал на претседателските избори, Џо Бајден, ја зголеми предноста во финишот на изборната трка, пренесува Ројтерс.

– Ние ќе го продолжиме овој процес на секој начин што законот ќе ни го овозможи, да обезбедиме Американците да имаат доверба во нашата влада. Никогаш нема да се откажам од борбата за вас и за нашата земја – истакна Трамп во изјавата дадена од Белата куќа.

Во соопштението се вели дека „американскиот народ заслужува целосна транспарентност во пребројувањето на гласовите и заверувањето на изборите“ и дека повеќе не станува збор за индивидуални избори, туку за „интегритетот на целиот изборен процес“.

Демократите исто така се обвинети за непочитување на основниот принцип дека „легалните гласови мора да се пребројат а нелегалните гласови да не се бројат“.

Трамп повеќепати истакна дека пребројувањето на гласовите што пристигнаа по пошта по изборите е „незаконско“ и дека според него станува збор за измама.

Би-Би-Си потсетува дека во околу половина од американските држави, гласовите што пристигнале по пошта се бројат и се испраќаат на денот на изборите на 3 ноември, вклучувајќи и некои од клучните држави како Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина.

Благодарение на тие гласови, демократскиот кандидат Џо Бајден го престигна Трамп во Пенсилванија и Џорџија, каде што водеше претседателот Трамп.

Related posts

Leave a Comment