Македонија

Се полни ли буџетот и приватните џебови на владини функционери од бутањето на кандидатите за возачки испити дури и по десетина и повеќе пати?

 

До нашата редакција стигнуваат поплаки од револтирани граѓани кои на полагањето возачки испит се
бутаат без никаво образложение или како што велат кандидатите со образложенија кои не кореспондираат со вистината.
Меѓу јавноста се погласно се шпекулира дека кандидатите се бутаат на испитите со цел прибирање на средства кои завршуваат во приватни џебови или во буџетот на РМ кој од ден на ден е се попразен од непродуктивни задолжувања од странство.

Имено се шпекулира дека комисиите за возачки испити имаат директна наредба од повисоки инстанци да го спроведуваат ова во најмала рака скандалозно однесување.

Во продолжение ви приложуваме текст објавен пред дваесетина дена превземен од Нова Македонија кој беше објавен на истава тема и кој е напишан по добиено писмо од засегнат граѓанин.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/t%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%B0%D1%93%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B7/

На адресата на редакцијата на „Нова Македонија“ пристигна имејл од граѓанин, кој тврди дека комисиите од Испитниот центар при полагање возачки испити често се договараат колку кандидати да положат тој ден и дека многу ретко се случува некој да положи од прва. Ваквите манипулации, вели тој, се случуваат, секако, за пари, бидејќи само за полагање испит при градско возење кандидатите треба да уплатат околу 3.000 денари. Каде одат тие пари, прашува граѓанинот, ако се знае дека испитите најчесто се положуваат по осми или десетти пат. А полагањето возачки испит и не чини малку пари, бидејќи со сите трошоци изнесува околу 500 евра, не сметајќи ги уплатите за полагање од втор пат или неколку пати.

Полагањето возачкиот испит е составен од теоретски дел, прв практичен дел или познато како полагање на полигон и втор практичен дел или возење во град.

Овластените за полагање возачките испити од Автоиспитниот центар – Скопје велат дека не е така и објаснуваат дека кандидатите положуваат во зависност од нивната подготвеност да одговорат на условите за полагање. Испитниот центар ги спроведува полагањата во согласност со одредбите што се наложени од страна на Законот за безбедност во сообраќајот и истите тие важат за сите испитни центри во Македонија.

Теоретскиот дел е составен од прашања што ги има изработено МВР и истите тие се објавени на официјалната веб-страница на министерството каде што имаат пристап сите граѓани.

 

– Почитувани ви испраќам тема за која како граѓанин сум заинтересиран, а мислам дека и многу други граѓани се заинтересирани. Комисиите за полагање возачки испит имаат наредба ниеден кандидат да не положи. Кандидатите полагаат по осум, девет, десет пати на полигон, а за градско возење се третираат најмизерно, така што ако положат од десетти пат е чудо. Повеќе чини полагањето од обуката, да не зборуваме за изгубеното време. Наместо еден до два месеца, сега е осум до десет месеци. Пишувам за Скопје, сигурно и во другите градови не е подобро. Монопол. Дали е потребно да возиме без дозвола – се вели во имејлот, кој беше испратен до „Нова Македонија“.

Од Автоиспитниот центар – Скопје ги негираат ваквите наводи, а раководителот на центарот, Златко Ангеловски, вели дека никогаш како сега не било потранспарентно полагањето на возачките испити. Кандидатите имаат право дури и да одберат во кој дел од градот сакаат да полагаат градско возење. Исто така инструкторот на кандидатот, ако сака, има право да биде присутен на полагањето, кое трае од 25 до 40 минути. Ако не е задоволен од исходот кандидатот има право да се жали. Тој објасни дека од сумата од околу 3.000 денари, која се уплаќа за градското возење од 600 до 1.000 денари се пари за изнајмување на возилото, а 2.000 денари добива автошколата.

– По кој пат полагаат кандидатите зависи од подготвеноста на самиот кандидат. Како најголем број полагања од страна на еден кандидат во нашиот испитен центар се евидентирани 18 пати. Полагањето на првиот практичен дел се одвива на полигон каде што се полагаат четири вежби, кои се исти за сите кандидати. Оценувањето на кандидатите се спроведува според оценувачки лист – образец што е донесен од страна на МВР и е објавен во „Службен весник“. Најголем број евидентирани полагања за првиот практичен дел од страна на еден кандидат се осум пати. Оценувањето на полагањето на вториот практичен дел (градска) се спроведува повторно според оценувачки лист. Најголем број евидентирани полагања за вториот практичен дел од страна на еден кандидат се седум пати – велат од испитниот центар.

Оттаму појаснуваат дека незадоволните кандидати по испитот имаат право на приговор, по кој одлучува комисија и тој е бесплатен за разлика од порано кога и за него се плаќало.

– Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поднесување на приговорите во испитниот центар е бесплатно и се поднесува во рок од 24 часа од спроведувањето на возачкиот испит. Доколку комисијата го усвои приговорот на кандидатот за возач, му се признава оспорениот дел и возачкиот испит се смета за положен. Во досегашното работење на испитниот центар просечно имаме околу три приговори месечно од кои досега сите биле неосновани – вели раководителот на испитниот центар, Ангеловски.

Инструктори, кои речиси четири децении вршат обука на кандидати, тврдат дека кој е добар на испитот положува. Еден од нив работел во АМСМ, претходната овластена фирма за полагање возачки испити, која имаше лиценца на десет години. Тој кажува дека во последните шест години и таму испитите се снимале, што претставува валиден доказ за фактичката состојба на терен. Кандидатот сам паѓа на тестови и сам паѓа на полигон ако не е подготвен и не ги совлада зададените вежби, бидејќи полигонот е шаблон. Но градското возење 10 отсто е неговото знаење, а 90 отсто е влијанието на објективните фактори, како пешаци, сообраќајна некултура на возачи и многу други. И вели дека секој нормален има трема, па се случува да има кандидати што не можат да покажат ни 50 отсто од своето знаење штом ќе им влезе комисија.

За еден квартал само 35 отсто положиле градско возење

Во првиот квартал од годинава за теоретскиот дел просечната процентуална положеност на кандидатите за возачи изнесува околу 65 отсто, за првиот практичен дел или популарно кажано полигон тој процент е 70 отсто. Градското возење или таканаречен практичен дел градска од прва го полагаат околу 35 отсто од кандидатите. Од испитниот центар велат дека при полагањето кандидатите најчесто ги прават следните грешки: непочитување на правилата на првенство на минување, непрописно престројување пред необележана или обележана крстосница, непочитување на првенство на минување на раскрсница регулирана со сообраќајни знаци, непропуштање пешаци на пешачки премин на крстосница, неправилно ракување или користење на команди за светлосно-сигнални уреди, неследење на сообраќајот и некористење на возачките огледала и други.


Возачките испити се снимаат и се користат како ВАР-техниката во спортот

Снимените материјали и снимките од полагањата на кандидатите за возачи се чуваат и се ракува со нив во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и во согласност со прописите за заштита на лични податоци, велат од испитниот центар.
– Доколку при прегледување на видео-записите од полагањето на кандидатот се установи дека испитот е спроведен спротивно од одредбите на законот и прописите се поништува возачкиот испит. Во нашиот испитен центар таков случај сме немале – појаснуваат од центарот.

[email protected]

Loading...

Related posts

Leave a Comment